Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 20 до 26 јуни)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 20 до 26 јуни 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 223 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 104 лица, во општина Струга и Вевчани 89 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 30 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 129 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 60, Струга и Вевчани 39, Дебар и Центар Жупа 30), а 94 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 44, Струга и Вевчани 50, Дебар и Центар Жупа 0)

Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 44 лица, од општина Струга кај 44 лица, а од општина Дебар кај 26 лица.

Во Охрид 53 пациенти се на домашно лекување, а во Струга 50 пациенти се на домашно лекување.

Активни случаи во Охрид се 116, во Струга 111, а во Дебар 37.

Оздравени има 4 лица од Охрид и 2 лица од Струга

Во овој период починати се 3 лица од општина Охрид и 1 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до 26 јуни 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 422 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 140 лица во општина Охрид и Дебрца, 193 лице во општина Струга и Вевчани и 89 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 21, од Струга се 56, а од Дебар и Центар Жупа се 48 пациенти

-Од општина Охрид и Дебрца има 5 починати пациенти, од општина Струга се починати 26, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!