28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Ги запрашал ли Паскали аптекарите дека идејата за укинувањето на квотите не е добра?

ВМРО – ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција, во врска со прес-конференцијата на Секретарот на ОО на СДСМ – Охрид, Васко Паскали.

„Власта на СДСМ и министерот Венко Филипче само ветуваа, но ништо не спроведуваа. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во здравството само ветуваа, но тоа никако не се исполнува.

Васко Паскали да одговори кои квоти ќе се укинат, ако во последниве месеци не може да се најде лек на рецепт до 5-ти во месецот?

Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи, а целта е пред избори да освојат симпатии кај граѓаните.

Требаше да поминат повеќе од две години за сега да се најави мерката којашто претставува чист популизам, бидејќи знаат дека се приближуваат предвремени избори.

Ги запрашал ли Паскали аптекарите дека идејата за укинувањето на квотите не е добра?

Наместо да им се извинат на граѓаните дека нема доволно лекови, а на докторите затоа што лажно ги обвинија, тие без малку срам излегуваат пред нив.

Пред граѓаните најпрво треба да објаснат каде ги трошат парите од Фондот за здравствено осигурување и за што, а потоа да ветуваат.

Кога веќе решил секратарот на СДСМ Охрид да се слика пред Маларична без медиуми и да кажува ветувања, тогаш треба да знае дека граѓаните од него очекуваа да каже дека Министерството за здравство и општина Охрид изградија Нов современ Здравствен дом на местото на старата локација. Исто така како што и докторите очекуваа 100 илјади денари плата. Но тоа не е така.

Затоа за СДСМ зборот не е збор и не важи.

Со СДСМ нема задоволни пациенти, нема задоволни граѓани!“- стои во реакцијата.