Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 23 до 29 мај)

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, за состојбата со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 23 до 29 мај 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 39 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 26 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 3 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 3, Дебар и Центар Жупа 3), а 20 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 7)

– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, a од општина Струга 8 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19.

– Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 44 лица, во Струга се 56 лица

– Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 11.

– Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 4 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани.

– Оздравени пациенти има 2 од општина Охрид и 1 од општина Струга.

– Во овој период починато е 1 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до денес, 30 мај 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 152 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 23 лице во општина Охрид и Дебрца, 79 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 52, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебрца, од општина Струга се починати 16, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!