26/04/2024
Охрид

Честитка на Кирацовски за Водици – Вистинските вредности не движат напред

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Охрид, 19.01.2018

Задоволство ми е што денеска, на овој православен христијански празник, на Богојавление-Водици, заедно сум тука со нашите сограѓани, охриѓани од нашиот македонски бисер, од Охрид.

Овој празник несомнено го симболизира обновувањето, новите почетоци и вербата во се што е добро, во чесното, се што е исправното.

Силно верувам дека нашите заложби и се она што е добро треба да биде основа за еден нов почеток, почнувајќи од денес, од овој празник сите ние треба да живееме според новите современи принципи и се она што е вредно, се она што е трајно за ние да бидеме соодветни и достоинствени, доследни општествени чинители, а општеството да оди напред.

На сите православни верници им го честитам овој празник, им посакувам добро здравје, семејна среќа и семеен спокој. 
За многу години празникот, Бог се јави.