26/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид за Илинден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката.

„Илинден е симбол за саможртвата за нашата Татковина, на непокорот и борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна Татковина, Република Македонија. Стремежот и идеалите на генерации Македонци е преточен преку двата Илиндена, Крушево 1903 и АСНОМ 1944, двата столба на независноста на Република Македонија.

Драги сограѓани,

Заедно се поклонуваме на славното дело на нашите предци и нивната храброст и љубов кон Татковината. Секогаш сме го почитувале другиот и никогаш не смееме да дозволиме некој да го негира и оневозможува нашиот идентитет, нашето име, нашето постоење.

Борбата за Македонија никогаш не запира. Пред нас е нова и постојана борба, борба за достоинствена, стабилна, просперитетна Македонија. Во време на предизвици и искушенија, сите заедно обединети и сложни да продолжиме низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека е вечен Охрид и нека е вечна Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.