26/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески додели плакета и парична награда за првенецот на генерација 2015/2019 од ОУ „Дебрца“

Денес во Подрачното училиште во село Мешеишта градоначалникот Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование. На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Филип Вичороски, градоначалникот Ногачески, во име на општина Дебрца, свечено му додели плакета за ученик на генерација 2015-2019 во ОУ „Дебрца“ – Белчишта.

„На ученикот на генерација општината му доделува и парична награда, од 15.000 денари. На сите полуматуранти уште еднаш им го честитам завршувањето на основното образование и им посакувам многу успех во понатамошното образование.“ – рече градоначалникот Ногачески по доделувањето.