26/04/2024
Охрид

ИПА – Регион Охрид потпиша Договор за соработка со ХОТАМ

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Регион Охрид, деновиве потпиша Договор за деловна соработка со Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ. Договорот беше потпишан од страна на претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески и Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.

Според одредбите од Договорот, на члeновите на Интернационалната полициска асоцијација, при користењето на сите услуги на членките на ХОТАМ, им е обезбеден попуст во висина од десет проценти. Овие поволности се однесуваат за сите членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од земјава и од светот. Договорот, ќе биде објавен на интернет сајтот ipa.mk и на FB профилот Ipa Ohrid, ќе биде разменуван со другите ИПА региони во Република Македонија и во светот, во стручни брошури и списанија, а со цел рекламирање на ИПА партнерот. За време на користење на поволностите, секој ИПА член со себе треба да ја носи и да ја покаже својата ИПА членска картичка.

Следниве 33 хотели од Република Македонија се активни членки на ХОТАМ: Езерски комплекс „Метропол“, Дебарски Бањи Цапа, хотел Аквалина Охрид (ГС Гроуп), хотел Амбасадор Охрид, хотел Арка Скопје, хотел Белведере, хотел Вила Силиа Скопје, хотел Галеб Струга, хотел Гарден Охрид, хотел Гардениа Велес, хотел Глам Скопје, хотел Гранит Охрид , хотел Лаки Охрид, хотел Дипломат Охрид, хотел Дувет Скопје, хотел Изгрев Струга, хотел Инекс Горица Охрид, хотел Капри Битола, хотел Климетица Охрид, хотел Лебед Охрид, хотел Македонија Делчево, хотел Макпетрол Маврово, хотел Макпетрол Струга, хотел Милениум Палас Охрид, хотел Монтенегро Ривијера Велес, хотел Нова Ривиера Охрид, хотел Парк Lakeside Охрид, отел Сириус Струмица, хотел Сити Палас Охрид, хотел Фени Кавадарци, хотели Аполнија Гевгелија, хотели Дрим и Београд Струга, хотели Силекс-Охрид и Кратис-Кратово.