27/04/2024
Охрид

Пронајдена дрога во возило на охриѓанец

На 07.10.2020 на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(45) од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „фиат мареа“, со струшки регистарски ознаки, во кое се наоѓал, биле пронајдени марихуана и семки од канабис сатива.
Н.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.