ЈП „Билјанини Извори“ го презеде стопанисувањето со просторот за сидрење на пловни објекти

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ од денес го презеде на времено користење, стопанисување и одржување недвижниот имот-градежно земјиште наменето за сидрење на пловни објекти, кој се наоѓа на м.в. „Студенчишта“ КП бр. 6471/1 и КП бр. 5618/1 на КО Охрид 4 со вкупна површина од 14426 м2.

Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП „Билјанини Извори“, број 08-815/22, ја донесе Советот на општина Охрид на седницата одржана на 31.01.2020 година.

Јавното претпријатие ги повикува сите досегашни корисници на споменатиот недвижен имот да се обратат до дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ на следниот контакт телефон 078/355-291 за понатамошно регулирање на правниот статус на досегашните непосредни корисници-сопственици на пловни објекти.