08/10/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Македонската револуцонерна организација – ВМРО е најсветлата пројава во македонската историја, која ја пробудила свеста кај народот дека е достоен за своја сопствена држава.

Токму на 23 октомври 1893 во Солун, идеалите на шестмина македонски визионери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, кои го водеа факелот на револуционерното дело останаа да бидат водилка и вечен мотив за македонскиот народ во сите понатамошни борби. Денес кога го чествуваме 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба годините течат, а идејата веќе 125 години се шири. Многу страници од тогаш до денес се испишаа, но, уште многу страници останаа неиспишани, зошто таа борба видоизменета сè уште трае. Без 23 Октомври немаше да постои ниту 2 Август 1903, ниту 2 Август 1944 (АСНОМ), ниту пак ќе постоеше 8 Септември 1991.

Еден од најсветлите датуми во македонската историја симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултира да имаме сопствена, независна држава над која денеска надвиснале тешки времиња. ВМРО секогаш имала тешки искушенија, поделби и порази, била соочена со восхит и очајување, делби и меѓусебни конфронтации, но нејзината крајна цел била и останала секогаш – Македонија.

Се поклонуваме на делото на сите херои кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.

Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!

Нека е вековита идејата на Организацијата!

Нека е вечна Макединија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.