26/04/2024
Македонија

Концерт во МНТ по повод Светскиот ден на хармониката

По повод интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника,  Здружението „Љубители на класичната музика” од Скопје по десетти пат организира концерт, кој е поддржан преку националната годишна програма на Министерството за култура.

На концертот, кој почнува вечерва во  20ч. Во МНТ во Скопје, ќе настапат реномирани уметници од земјата како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата се дела од Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола и други.

Светската Унија на хармоникашите одлучи 6-ти мај да го прогласи за Светски ден на хармониката во 2009 година. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот.