Констатирана матност на водата за пиење во Струга

Центарот за јавно здравје Охрид, при континуираното следење на квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга, констатираше матност на водата за пиење, поголема од дозволената.

Согласно процедурите за работа, информирани се соодветните инспекциски служби кои постапуваат согласно законските прописи.