Македонската репрезентација на 68 место на најновата ФИФА рејтинг листа

По квалификациските натпревари против Словенија и Полска, репрезентацијата на Северна Македонија забележа скок од 1 место и моментално се наоѓа на 68 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се наоѓа водечката тројка Белгија, Франција и Бразил.

Најголем скок минатиот месец забележаа репрезентациите на Никарагва и Јужен Судан со +11 места се искачија на 137 и 162 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Маврициус со -12 места, која се најде на 173 место.

WebOhrid