Мерко ги замени старите азбестни цевки со нови азбестни!?!

„Рамис Мерко ги смена старите азбестни цевки кои не беа променети последните 40 години со нови азбестни цевки“ – шокантен наслов на официјалната веб-страна на Општина Струга.

На прв поглед (според насловот) читателите се запрашуваат како е можно азбестните цевки да се заменат со нови азбестни, знаејќи дека уште во 80-тите години е утврдено дека азбестот е канцероген и дека полека, но сигурно мора да се замени се она што е направено од азбест (најчесто покриви, водоводни цевки, изолација).

Станува збор за грешка во насловот која може да се увиди во понатамошниот текст на оваа објава: „Овој проект има за цел заменување на старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите кои не беа сменети воопшто последните 40 години.“ – стои во продолжението од истата објава на официјалниот веб-сајт на Општина Струга.

WebOhrid