26/04/2024
Спорт

На 9 и 10 декември ќе се одржи меѓународен снукер турнир „Скопје опен 2017“

Се помасовен е интересот на македонската јавност за снукерот и билијардот како спортски дисциплини. Особено последнава година, по одржаните тренинг сесии со легендата на снукерот, Најџел Бонд, како и со лиценцирањето на тренерите, интересот во Македонија е рапидно зголемен.

Оттука, се поголема е потребата на зачестена организација на турнири каде што играчите ќе имаат можност да ги демонстрираат своите вештини и да се инспирираат за нови успеси.

Затоа, во билијард и снукер средиштето „Гран Клуб“ од Скопје во периодот од 09 до 10 декември ќе се одржи меѓународен снукер турнир насловен „Скопје опен 2017“.

Истиот ќе се игра по сите стандарди на светската снукер федерација. Ограничен е на 32 натпреварувачи и се игра по систем единечна елиминација. На турнирот може да земат учество професионалци и аматери, односно сите љубители на овој спорт. За најдобрите четворица се предвидени солидни награди.

Сите натпревари ќе се пренесуваат вo живо снимени во висока резолуција и за секој меч поединечно ќе постои статистичи обработена база на податоци, што всушност и претставува новина во нашата држава.

„Гран Клуб“ како организатор на најквалитетниот снукер турнир одржан во Р.Македонија, за сите учесници гарантира максимални услови на натпреварување, а за целата публика најквалитетни мечеви од најдобрите.