Набавена опрема за фудбалските клубови во општина Дебрца

Ветивме дека за сите спортски фудбалски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување ќе ја зголемиме финансиската поддршка и ќе обезбедиме средства во висина на котизацијата за соодветниот ранг на натпреварување и тоа континуирано го правиме, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„И не само тоа.

Не ветивме, а исполнивме.

Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2019 година за сите фудбалски клубови од општина Дебрца кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување (ФК „Свети Петар”, Лешани, ФК „Злести”, ФК „Дебрца”, Белчишта – општинска лига и ФК „Сатеска”, Волино – регионална лига) обезбедивме комплет спортска опрема (по 20 дресови, шорцеви, штуцни, тренерки и по три фудбалски топки).

Спортската опрема денес им ја предадов на претставниците на клубовите.

Средствата за набавка на спортската опрема во износ од 300.000 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2019 година.

Парите на граѓаните ги враќаме назад кај граѓаните, овојпат кај спортистите.

И во иднина Општината финансиски ќе го поддржува спортот, бидејќи вложувањето во спортот е вложување во здравјето.“– истакна  градоначалникот Ногачески.