Навремено расчистен просторот околу пристаништето пред „Богојавление – Водици“

Денешните поволни временски услови овозможија темелно расчистување на снежните наноси од пристаништето и потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до Долна Порта.На овој начин навремено се расчисти овој дел од градот за непречено одвивање на подготовките за големиот верски празник „Богојавление -Водици„.