Нема да се прогласи шампион во Првата кошаркарска лига оваа сезона

Заврши кошаркарското првенство. Оваа сезона нема да се прогласи шампион, нема да има испаѓање во понизок ранг, а во Првата лига наредната сезона ќе се промовираат две екипи од Втора лига.

„По доставениот предлог до членовите на Управниот Одбор и по спроведеното гласање од нивна страна, Управниот Одбор на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија со убедливо мнозинство донесе одлука за завршување на Првата лига во машка сениорска конкуренција, да не се прогласи шампион за оваа натпреварувачка сезона, да нема испаѓање во понизок ранг на натпреварување и две екипи од Втората лига мажи да се промовираат во Првата лига за натпреварувачката сезона 2020/2021.“ – соопштуваат од КФСМ.

WebOhrid