Одржан Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2018“

Денес во Охрид се одржа Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2018“. Маратонот се одржа во водите на Охридското Езеро на потегот помеѓу старото пристаниште кај х.Палас и х.Милениум.

По пристигнувањето на пливачите на целта, на победниците им беа доделени медали.

Победници се Петар Галич од Унгарија во машка конкуренција со време 02:02:47 и Јована Јецански од Србија во женска конкуренција со време 02:36:41. Второто место го освои Мартин Штрака од Чешка со време 02:11:29, додека пак трет беше Борислав Фермановиќ од Србија со време 02:22:17. Во женска конкуренција немаше второ и трето пласирани, бидејќи изминаа 30 минути од пристигнувањето на првопласираната Јована Јецански.

За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, се грижеа судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и од клубот „Охридски бранови 2008“.

Интернационалниот Олимписки пливачки маратон во Охрид се одржа втора година по ред.

WebOhrid

This slideshow requires JavaScript.