Охрид во блескаво светло за празниците, синоќа забава со Бени и Нон Стоп

Новиот концепт за прослава на Нова година во Охрид се покажа како полн погодок за огранизаторите, на задоволство на бројните гости од земјата и странство кои уживаат во богатата програма.

По фантастичниот дочек на Градскиот плоштад со Даниел Кајмакоски, синоќа повторно одлична забава на главната сцена на Градскиот плоштад.

Под водителска палка на Жанко ЗШ Голабоски, вечерта ја отвори одличниот Петар Маркоски, по што следуваше настапот на Бени и Нон Стоп кои се покажаа во одлично светло пред охриѓани и гостите. Забавата продолжи со посебно подговен празничен сет на Dj Jane.

Сите настани се дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој заедно со понудата на хотелиерите и убавото време деновиве направија Охрид да биде исполнет скоро до последното место.

Забавата продолжува вечерва со сет на легендарниот Дџ Славе Келешоски, по што следува концерт на Балкан џем како најава за настапот на одличните Суперхикс кој ќе започне во 21:00 часот.

This slideshow requires JavaScript.