Околу 1500 ученици беа дел од одбележувањето на 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија

Околу 1 500 ученици од сите основни и средни училишта  во градов се вклучија во  одбележувањето   на 1 000 годишнината од формирањето на Охридската Архиепископија. Во соодветна облека со логото на свеченостите тие претпладнево продефилираа од стариот  охридски чинар  низ чаршијата до катедралната црква Св. Софија. Проектот  е насловен како „Патека на светлината“.

Настанот предизвика воодушевување кај бројни охриѓани и посетители  од земјава и странство.

Чествувањата на јубилејот продолжија денес со црковни свечености.