27/04/2024
Охрид

Опожарено возило „Лада Нива“ во Охрид

Рано утрово во 01:50 часот во СВР Охрид добиено е телефонско известување за опожарено возило на паркинг на булевар „Туристичка“.

При извршен увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител и вешто лице, констатирано е дека опожарен е патнички автомобил „Лада Нива“ со охридски регистарски ознаки сопственост на С.С. (45) од Охрид.

СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расветлување на случајот.

Покрај тоа што возилото целосно изгоре, пламенот ги стопи и телекомуникациските кабли кои беа над паркираното возило.

WebOhrid