26/04/2024
Дебрца

Осветлен патот до манастирот Св.Илија во Мешеишта

Во пресрет на големиот семакедонски национален празник Илинден, Локалната самоуправа Дебрца помогна да се осветли патот до манастирот „Св. Илија”, во месноста „Илинче”, село Мешеишта, каде што на 2ри август ќе се одржи голем црковно-народен собир.

„Обезбедивме 300 метри електрични проводници и девет вандерми, а столбовите ги обезбеди Црковниот одбор. Во тек е постапка за избор на проектант за изработка на техничка документација за изградба / асфалтирање на патот од млин “Илинче” до црква Св. Илија, во должина од 2,2 км.“ – вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.