26/04/2024
Охрид

Презентирани придобивките од програмата за култура „Креативна Европа“

Во зградата на општина Охрид претставници од Министерството за култура на Р. Македонија одржаа инфосесија со цел да се информираат потенцијалните апликанти – корисници на програмата „Креативна Европа“ за претстојните повици за аплицирање. На средбата беа дадени подетални информации за самиот начин на аплицирање, критериумите на програмата, а беа презентирани и позитивни примери од правни лица кои успеале да искористат европски грантови за реализирање на своите проекти.

На средбата беше истакнато дека општините преку секторите за култура се квалификувани да аплицираат со свои проекти до европските фондови од каде ќе добиваат средства за реализација.