26/04/2024
ОхридПисма/Колумни

Ред пред супермаркетите, а не редици на наплатните каси!?

Почитуван Претседателе, драг Стево: Овде и ваднаш – најстрог режим, шатори, војска и полиција пред супермаркетите!?

Со ваква препорака, апел, се обраќа новинарот Веле Митаноски, до претседателот Стево Пендаровски.

Живеам на Туристичкиот булевар, во првата соседна зграда, е супермаркетот на еден познат синџир – фирма од Скопје.Тука и се снабдувам со прехрамбени намирници.Вчера, на пат за моето Црвена Вода, влегов да купам леб. Влегов и веднаш излегов!

Речиси до вчера,пишува Митаноски, го молевме персоналот да пуштат и втора каса. Работеа, обично, на една, за другите вработени, да можат да се користат за размастување артикли по рафтовите, или пак за предвремено заметување на подот – пред да затворат, тука низ нашите нозе!

Вчера (така е и денеска!), без никој да ги моли – поставиле 4 каси и зад нив 4 долги и густо набиени редици!

Полни корпи – човек до човек!?Обично постари и во средна возраст! Народот купува, се полнат домашните резерви!

Каде е кризната состојба? Дебар и Жупа ни се првото соседство! Од Италија и натаму пристигнуваат наши – блиски, или подалечни, кои ниту кажуваат, ниту,пак, одат во 14 дневна самоизолација. Ова ви го говорам од лично искуство (познаство!).

Не гушкаат , за да ни покажат колку не сакаат!? Веќе знаете што се случи во Дебар и Центар Жупа.Претседателот Пендароски, таму прогласи кризна состојба.

РЕД ПРЕД СУПЕРМАРКЕТИТЕ, А НЕ РЕДИЦИ НА НАПЛАТНИТЕ КАСИ!?

Почитуван Претседателе, драг Стево. Веднаш прогласете вонредна состојба на целата територија во земјата. Војската и полицијата, наместо во касарните – нека застанат пред минимаркетите! Делува чудно, некому смешно, некој ќе ми забележи, но нека му биде – кој како милува!

Пред секој минимаркет – шатор и цврста дисциплина.Кога не можеме, не сакаме сами да се самодисциплинираме, државата има и право и обврска да не дисциплинира. Нам не ни доага умот со арно.Слободно, без мерка, без размисла нагрнуваме на минимаркетите!

Продавачките, навистина носат маски и ракавици, но не носи никој од нас – купувачите!

Не сакам да ширам паника, само предупредувам.

Го пренесувам она што го гледам, тука кај нас, а гледам и слики од Италија, Шпанија.

Да учиме и од тугите грешки, но да постапуваме и по тугите позитивни примери.

Кина се спаси само поради строгиот режим.Наречете го тоа и диктатура, но ако, е таа функционална во кризно доба, во овој темен час (Черчил), тогаш сум за диктатура, а не за башибузук!

Веле Митаноски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.