28/04/2024
Охрид

Одржан традиционалниот маскенбал во Велгошти по повод Прочка

Денес, на големиот верски празник Велики Поклади (Прочка), и годинава во с. Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2022“.Настанот се одржа на спортското игралиште во Велгошти.

Месната Заедница на селото со поддршка од Општина Охрид обезбеди симболични пакетчиња за малите емширчиња кои беа доделени од страна на Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.