29/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Велики поклади – Прочка.

„Прочка ја симболизира искрената љубов за својот ближен, исти како примерот на Исус Христос за безусловна и бескрајна љубов помеѓу луѓето. Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него. Простувањето како потпора на нашата вера е вистински пат за спасение на луѓето. Тоа е божјиот пат на моралот, вредностите и правдата.

Низ вековите македонскиот народ најмногу проштевал, а тоа го прави и денес. Покрај простувањето во овие тешки времиња да се помолиме за здравје и мир. Да живееме проштевајќи, во прошка од Бога, без непријателство и злоба.

За многу години Прочка!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 06.03.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид