28/03/2024
Охрид

Вредносни ваучери за 60 социјално загрозени лица и семејства од Охрид од Здружението „Во твоја слава“

Шеесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, оваа година по трет пат за Велигденските празници ќе добијат вредносни ваучери во вредност од 1500 денари од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид.

Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни ваучери што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во маркетот на „ДОН Примус“ во населбата Видобишта во период од 02.04.2018 година до 14.04.2018 година..

Вредносни ваучери за 40 лица беа избрани во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, а за 20 лица во координација со црковниот храм „Свети Ѓорѓија“ од Охрид, со цел помошта да ја добијат оние семејства на кои им е најпотребна.

Здружението „Во твоја слава“ средствата за помошта ги обезбедува по пат на донации на самото членство. Здружението е формирано 2014 година со намера да спроведува активности насочени кон промоција на хуманоста и во рамки на можностите да помага на граѓаните од регионот и пошироко.