Реконструкција и санација на повеќе места во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ во рамките на своите можности изминатите неколку недели започна со реконструкција и санација од мал обем на повеќе места во Спортско рекреативниот центар, се со цел краткорочно подобрување на условите наменети посебно за корисниците на Градскиот стадион.

Најпрво на градскиот стадион се реновираа сооблекувалните кои ги користат фудбалските екипи и школи како и атлетичарите, но исто така ќе се користат и од фудбалските екипи од соседството кои веќе го најавуваат своето доаѓање во Охрид како дел од нивните подготовки во зимскиот период.

Исто така, поради големиот интерес на граѓаните кои ги користат кошаркарските игралишта за баскет, ЈП „Билјанини Извори“ им овозможи во овие зимски денови да можат кошаркарски да се рекреираат во малата сала која е во состав на Спортската сала „Билјанини Извори“.

Сите заинтересирани можат да се обратат на следниот телефонски број 078/261-164 или на пријавница во Спортската сала „Билјанини Извори“.

This slideshow requires JavaScript.