Селекторот Ангеловски го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Летонија и Словенија

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за воведните два натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020. За натпреварите против Летонија на 21. март во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ и гостинскиот дуел со Словенија на 24. март во Љубљана, нашиот предводник ќе смета на следните фудбалери: 

На прес-конференцијата пред натпреварите, предводникот на А-тимот истакна дека ја познава Летонија и дека посакува триумф.

„Јас и претходно кажав дека нема да има драстични промени. Мислам дека сме добро воиграна репрезентација и дека сме тим кој знае сега што сака на теренот. Фокусот ни е на првиот натпревар против Летонија. Од оваа гледна точка, не можам во детали да говорам за противникот, затоа што Летонија има нов селектор. Но, секако дека имаме доволно време да ги анализираме нивните претходни натпревари, како и стилот на новиот селектор Стојановиќ,“ – изјави Ангеловски.

Спировски и Тричковски се под знак прашалник и во зависност на нивната здравствена состојба ќе зависи дали ќе играат. Аријан Адеми од Динамо Загреб поради операција на стомачниот ѕид не е во комбинација за настап. На мечот со Летонија, јубилеј ќе слави најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој ќе го игра 100. натпревар.

„Кога ќе се спомене името на Горан Пандев, кај мене се будат посебни емоции. Станува збор за најголемиот фудбалер од Македонија на сите времиња. Сигурно дека ние ќе го поздравиме, и очекувам и македонската публика да го поздрави овој јубилеј на Пандев. Сакаме да го зачиниме јубилејот со победа. Кога може 80.000 луѓе на нозе да го поздрават во Италија, мислам дека истото може да се направи и во нашата земја,“ – заврши селекторот.

Собирот е на 18 март (понеделник) од 12:00 часот во ТЦЦ „Гранд Плаза“ во Скопје. Првиот тренинг, пак, е исто така на 18 март, од 18:45 часот, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.