Средба на градоначалникот Стојаноски со црногорскиот амбасадор Митровиќ

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше официјална средба со Предраг Митровиќ, амбасадор на Република Црна Гора во Република Македонија.На средбата заеднички беше констатирано дека добрите односи меѓу двете земји постојано се унапредуваат, а тоа важи и за соработката на Охрид со Будва и Котор.

Позитивно беа оцените преземањата за развој на туризмот, реципрочната промоција и збогатување на бизнис релациите, а посебно беше нагласено дека во таа насока позитивно ќе влијае воведувањетона авио- линијата Сараево-Подгорица- Скопје.

Општина Охрид, е збратимена со општина Будва, а со општина Котор има потпишано протокол за соработка. Во рамките на соработката, општина Охрид е поканета во Котор на Деновите на УНЕСКО, како член на асоцијацијата Castle City’s, a како што беше најавено во месец мај, ќе се одржат Денови на Котор во Охрид и заеднички бизнис форум.