Трибина „Информирање на потрошувачите за можностите за електронско тргување и заштита на нивните права“

Во ФТУ-Охрид денеска се одржа јавна трибина на тема „Информирање на потрошувачите за можностите за електронско тргување и заштита на нивните права“, во организација на Здружението на потрошувачи на Македонија.

„Факултетот за туризам и угостителство е домаќин на овој настан, имавме прилика да се видиме со претставници од Организацијата на потрошувачи на Македонија, да поразговараме за можностите за идна соработка. Тие се прилично активни во аплицирање и работа на проекти исто како и ФТУ. Во иднина очекуваме заеднички да работиме не само на вакви настани кај што се прави дисеминација на знаење, на  вештини, туку и заедничко учество на национални и меѓународни проекти“. Она за што разговаравме се можностите за заеднички настап на идни проекти.“ – изјави деканот на ФТУ Цветко Андреески.

„Во фаза сме на имплементирање на една кампања за дигиталните права на потрошувачите, знаете колку е актуелно, неодамна нели го имавме Балканскиот самит за дигиталниот пазар. ЕУ нели се стреми кон единствениот дигитален пазар, ние се стремиме кон Европска унија и се повеќе производи кои што се наоѓаат, се пласираат на пазарот ги имаат овие карактеристики, оние ги нарекуваат „internet оf think“, значи оние смарт ситис, смарт телефоните, се она што ние го користиме денес, па дури и играчките кои што децата ги користат, почнувајќи од оние саати кои ние им ги купуваме за да ги следиме каде се и каде се наоѓаат и она што може да случи со нивното следење од друга страна каде играат и што прават, што е многу опасно. Затоа се повеќе се слуша гласот на потрошувачите денес кои што бараат дигиталните играчки, особено оние за најранливите категории за децата да бидат навистина со многу многу постриктни, појаки стандарди во поглед на базата на податоци и она што би значело значи поголема заштита на личните податоци на детето, и нормално родителите се штитат во домот. Не можеме ние да го спречуваме технолошкиот развиток, туку интенцијата ни е да ги направиме да бидат побезбедни за самите потрошувачи и интернет купувањето на нашиот пазар, каде сакаме да апелираме како да се детектираат незезбедните сајтови кои не ја следат законската рамка, законските прописи. Многу од нас се имаат излажано на вакви сајтови, каде покрај курирот кој ја носи пратката  плаќањето, вие не можете ништо друго да направите, едноставно немате можност за реакција. Тука сакаме да ја едуцираме младата популација, тие најмногу купуваат онлајн.“ – изјави претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова.

This slideshow requires JavaScript.