Успех на ученици од ОУ „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по германски јазик

На Регионалниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 17.3.2018 (сабота), на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, учествуваа и ученици од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.

Основците кои беа под менторство на професорката Моника Герасимоска ги освоија следните места:

  • I место Јана Петреска IX 3 одд
  • II место Викторија Аврамоска IX 2 одд

Како најдобри од овој регион обезбедија учество на Државниот натпревар.