26/04/2024
Охрид

Најмалку 50 вреќи ѓубре собраа околу 80 извидници од 23 европски земји, заедно со активисти од Чист Охрид

Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со Чист Охрид денеска, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината.

Во акцијата беа собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.
За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржа Катерина Василевска од „Охрид СОС“ за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.

Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Денот на планетата Земја!


WebOhrid / 23.04.2022 / Чист Охрид