01/05/2024
Виц

Виц

Во текот на ноќта, жената се буди и гледа дека мажот не е до неа во креветот. Почнала да го бара насекаде по станот и го нашла како седи на фотелја загледан во ѕид со очи полни со солзи.

– Што е љубов моја, што ти е? – го прашала таа.

– Се сеќаваш ли кога се запознавме пред 20 години, кога ти имаше само 16?

– Да, се сеќавам.

– Се сеќаваш ли кога татко ти не фати додека водевме љубов во кола?

– Се сеќавам.

– Се сеќаваш ли кога извади пиштол, ми го стави на чело и ми рече: Сега или ожени се со неа или оди во затвор 20 години.

– И на тоа се сеќавам.

– Е па, денеска би излегол!