26/04/2024
Охрид

Во ОУ „Григор Прличев“ одбележан Меѓународниот ден на прегратките

Како подобро да се започне второто полугодие од учебната 2019/20 година, ако не со прегратка. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид го одбележаа 21 Јануари, Меѓународниот ден на прегратките.

Денес  ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид, на влезот во училиштето ги дочекаа своите соученици со следните пароли:

„Прегратката за среќа е бесплатна“

„Започни го второто полугодие со прегратка“

„Подари ми, најсилна прегратка“

„Прегратки за петки во второто полугодие“.

Традицијата за прегрнување на овој ден е започната 1986 година од страна на Кевин Заброни. Целта е да се поттикне секој поединец да ги прегрнува пријателите и членовите на семејството почесто. Психолозите го поттикнуваат прегрнувањето, се смета дека има лековити својства и го прави животот подолг и поубав. Иако е еден од наједноставните начини да се искаже приврзаност, во последно време потребно е луѓето да се поттикнат за да се прегрнуваат повеќе, информираат од училиштето.