26/04/2024
Охрид

Во Велгошти одбележани 117 години од формирањето на првата охридска востаничка чета

Во организација на месната заедница на с.Велгошти и МК на ВМРО ДПМНЕ – Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот Св.Петка во с.Велгошти се одржа чествување по повод 117 годишнината од формирањето на првата охридска востаничка чета.

На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.

Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на с.Велгошти, МК на ВМРО ДПМНЕ Велгошти како и ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Велгоштани бараат да му се придаде поголема важност на овој настан од македонската историја.