Започна Саемот на книгата во Охрид

Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“  отворен е Саем на книгата.

saem

Првиот ден минува во знакот на посетители – ученици од средните училишта во Охрид.

saem 1

На продажба  се дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Книгите се продаваат по цена од 157 до 300 денари примерок.

книги саем

Листата на книгите што се нудат сите заинтерсирани можат да ја прочитаат на веб страницата на охридската библиотека.

Саемот за сите посетители ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 15 часот.