27/04/2024
Струга

Жител од Корошишта измамил жена од Поградец дека заеднички ќе отворат фирма во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.У. (38) од струшкото село Корошишта.

Тој, со лажно прикажување на факти, во заблуда ја довел М.К.(36) од Поградец-Република Албанија, која, на 17.01.2019 година, на пријавениот на трансакциска сметка му пратила пари за отварање на заедничка фирма во Струга.