21/06/2024
Македонија

Одбележан Меѓународниот ден на мирот: Македонија е посветена на идејата за свет без војни и траен мир

Владина делегација, предводена од Националниот координатор во Владата на Република Македонија за здруженијата на бранители, Стојанче Ангелов во придружба на Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, и државниот секретар за одбрана Драган Николиќ, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, кој се наоѓа во дворот на Владата на Република Македонија.

Пред споменикот, посветен на ослободителите на Скопје, оддадоа почит и членови на делегацијата на Сојузот на борците на Македонија (СБМ), кои традиционално, со пригодна програма го одбележаа Светскиот ден на мирот.

Истовремено, претставниците на борците од НОВ и граѓани продолжувачи на организацијата, упатија Национална порака за мир, потсетувајќи дека народот на Македонија е посветен на идејата за свет без војни, за свет на траен мир и современ стремеж да биде дел од сојузот со земјите членки на НАТО и Европската унија, што значи безбедност, мир и стабилност.