28/02/2024
Македонија

Превентивна активност на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење

Во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ денеска (29.07) полициските службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење, која е во состав на Регионалниот центар за гранични работи Запад, реализираа превентивна активност.

Тие, вршејќи активности со пловни чамци по Преспанско езеро, како дел од проектот „Превенција од сончаница и топлотен удар“, низ непосредна комуникација со граѓаните потенцираа дека треба многу да се внимава со изложеноста на сонце затоа што високите температури може да предизвикаат и сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар, кои можат да бидат и закана за нивните животи. Притоа, на граѓаните им беше поделен и едукативн материјали со практични совети за избегнување на несаканите последици. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.