Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан по распишана потерница на барање на Интерпол Италија

На 03.10.2021 во 15.15 часот од полициски службеници на Граничниот премин Ќафасан бил лишен од слобода А.Л.(53) од Aлбанија.

По извршени проверки во службената евиденција било констатирано дека А.Л. е со мерка „апси“, по распишана потерница на барање на Интерпол Италија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.