26/04/2024
Дебрца

Жител од Лешани неовластено издал фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(31) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во текот на оваа и минатата година, во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Македонски шуми“-Шумско стопанство Охрид, неовластено издал 16 фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво кои, при контрола не се пронајдени и заверени.