01/05/2024
Македонија

Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба, приведен скопјанец

Денеска (08.08.2023) околу 15.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А. (29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.