04/05/2024
Македонија

Ковачевски: Време е за Европска Македонија, нема откажување!

На прагот сме на еден историски подвиг, Македонија да биде земја членка на ЕУ! Ќе се согласите и вие, поминавме многу време во чекалната но исто така ќе се согласите дека време е за Европска Македонија. Затоа, нема откажување од Европскиот пат на земјава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на Коалицијата за европска иднина во Тетово.

-На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Вашиот глас има огромна вредност. Дали ќе изберете надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе поддржите искреност, посветена работа, чесност и одлучност или кукавичлук, манипулации и лажен патриотизам и кревање раменици, рече Ковачевски.

Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина и за Европска Македонија, додаде Ковачевски.

-СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода на медиуми и изразување. Затоа велам одиме на победа! Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината!, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

https://www.youtube.com/watch?v=1BDcfmIXMMk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsdsm.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title