28/04/2024
Охрид

Превезувал повеќе огревно дрво отколку што било внесено во транспортната документација

На 27.12.2021 околу 14.00 часот на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Шумската полиција извршиле контрола на товарно возило „там“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(47) од охридското село Косел. Притоа, било констатирано дека превезувал повеќе огревно дрво отколку што било внесено во транспортната документација. Возилото и дрвната маса биле одземени и предадени на Шумското стопанство „Галичица“. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.