05/12/2024
Охрид

Ученичка во средно училиште фатена при кражба на пари од друга ученичка

На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид.

Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 27.03.2024 / СВР Охрид