27/04/2024
Охрид

Превентивна активност на СВР Охрид

Вчера (14.02.), Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид ја реализираа превентивно-едукативната сообраќајна кампања под мотото – „Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“.

Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, на неколку локации во градот, на возачите на моторни возила им поделија едукативни летоци со практични совети како потсетување за потребата од безбедно и внимателно управување со моторните возила и почитување на сообраќајните правила и прописи.