29/04/2024
Охрид

Превентивни активности на СВР Охрид и ОВР Кичево

Денеска (06.12.2023 година), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ОВР Кичево, во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево, го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение, прецизно им беа објаснати поимите поимите булинг и сајбер булинг, како и појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија.

Учениците беа запознаени како треба да ги препознаат појавните форми и како да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации.