02/05/2024
Македонија

Премиерот Ковачевски присуствуваше на седницата на Советот за безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на седница на Советот за безбедност кај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На дневен ред на седницата беше модифицираниот предлог на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност присуствуваше и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски по добивањето на предлогот на француското претседателство, започна широки консултации со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

https://www.youtube.com/watch?v=WolbZ9hj4wY&feature=emb_title